Имал само 21 година: Познат идентитетот на убиеното момче во Тетово

 

21 годишниот Алтрим Касами од тетовското село Порој е момчето кое вечерва беше убино во престрелката во кафе барот Бар Код во Тетово, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, Касами бил донесен со две прострелни рани во Клиничката болница Систина. Лекарите не можеле да направат ништо бидејќи момчето кога пристигнало во болницата веќе било мртво.

Уште две лица имаат посериозни повреди и се згрижени во Ургентниот центар во Скопје. Останатите две лица имаат полесни повреди и се згрижени во Медицинскиот центар во Тетово. 

Како што веќе објави Press24 инцидентот избил вечерва околу 22 часот, кога се уште непознато лице отворило оган од огнено оружје кон повеќе лица. Причината за инцидентот најверојатно е расправија поради девојка.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 23:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега