Вечерва тежок инцидент во скопска Мавровка: 23 годишно момче во болница

 

Две убодни рани во пределот на грбот заработил 23 годишниот Јетон Зекири од скопски Чаир вечерва во казиното Адмирал во Трговскиот центар Мавровка во центарот на Скопје.
Според информациите до кои дојде Press24 од свои извори во полицијата, Зекири, работел како обезбедување во казиното преку агенцијата МНД Обезбедување кога се уште непознато лице го нападнало со нож.
Тој итно е префрлен во Градската општа болница каде по укажаната лекарска помош е задржан на лекување.
Од МВР и официјално ја потврдуваат информацијата на Press24. Од полицијата најавуваат мерки за откривање на сторителот и соодветна постапка против него.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега