Го убил поради девојка: Детали за пукањето во Тетово

 

Расправии поради девојка најверојатно се причините за вечерашниот инцидент во тетовското кафуле Бар Код во кој едно лице а убиено а четворица се повредени, шпекулира тетовската чаршија. Според неофицијални и се уште непотврдени информации кои кружат во Тетово, убиецот е од селото Боговиње. Убиениот и повредените се млади лица од албанска етничка припадност на возраст меѓу 20 и 25 години. Расправијата во кафулето избила поради девојка а продолжила надвор по што едно лице чиј идентитет се уште не ни е познат извадило пиштол и почнало да пука. Во пукотниците погодени се 5 лица. Две лица имале посериозни повреди и префрлени се во Ургентниот центар во Скопје, каде пред малку, едно од нив им подлегна на повредите. Неофицијално, меѓу повредените, еден е син на познат лик од тетовското подземје.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 23:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега