Вечерва пукање во Тетово: Четворица во болница
Четири лица се здобиле со повреди од кои две со посериозни откако вечерва околу 22 часот избила престрелка на улицата ЈНА пред угостителскиот објект Бар Код во Тетово, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, се уште непознато лице отворило оган од огнено оружје при што се повредени 4 лица од кои две со посериозни повреди итно се префрлени во Ургентниот центар во Скопје, а останатите две лица се згрижени во Медицинскиот центар во Тетово.
Од МВР за Press24 и официјално ја потврдуваат оваа информација. Од таму велат дека нивните екипи веќе се на терен и дека по завршувањето на увидот ќе соопштат повеќе детали.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа