ДЕТАЛИ: Силна експлозија пред Влдата во Скопје - екипите за антитероризам на терен

 

Силна детонација вечерва околу 21 часот се слушнала пред зградата на Владата. Извори на Press24 во МВР велат дека екипи на антитероризам веднаш излегле на терен. Од извршениот увид пронајдено е местото каде што експлодирала се уште непознатата експлозивна направа. 
Станува збор за тревната површина во делот кон реката Вардар на страната кон споменикот 13 ноември на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата. 
Од МВР и официјално потврдуваат дека е пријавен ваков случај. Од таму велат дека екипите се на терен и дека се подигнуваат остатоци за вештачење. Според официјалните информации нема повредени и не е предизвикана никаква материјална штета.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега