Десетгодишно детенце е меѓу повредените во сообраќајката кај Штип

 

10 годишно дете е меѓу шестмината повредени во страотната сообраќајна незгода која се случи вчера на патот Штип-Радовиш.

 41-годишната Л.Ј. заедно со 45-годишниот возач на „Мерцедесот“ С.Ј. заработиле телесни повреди и се задржани на лекување во штипската болица. Во нивниот автомобил патувале уште две лица, но тие поминале без повреди.

Во другиот автомобил „Тико“ кој учестуваше во несреќата, тешки телесни повреди заработил 37 годишниот возач Д.М., 10 годишно дете и А.М. (40).

Според досегашните информации, несреќата се случила поради неприлагодена брзина на условите на патот.

најчитано сега