Филмска бркотница во Скопје: Скопјанец се обидел да ги прегази „Алфите"

 

Околу три часот по полноќ на булеварот „Србија“ Рено Мастер управувано од 37-годишниот Р.Д. било сопрено од страна на полициски службеници, но скопјанецот не застанал и за да избега се обидел да ги прегази полициските службеници, по што се упатил кон улицата „Тодор Чангов“.

Според податоците од полицијата, скопјанецот бил пресретнат на булеварот „АСНОМ“, каде запрел со возилото, но кога припадник на единицата-Алфа се упатил кон неговото возило, тој го стартувал возилото, се обидел да го прегази полицискиот службеник по што го напуштил местото на настанот.

“Алфите" набрзо повторно го пресретнале, по што тојпружил активен отпор, но бил совладан и приведен.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега