Олимпискиот факел ќе биде испратен во Вселената
Олимпискиот факел кој ќе се користи на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 ќе биде испратен во вселената.
Иако факелот ќе биде пратен во Вселената, сепак од безбедносни причини нема да биде запален.
- Испраќањето на Олимпискиот факел во вселената е настан кој за првпат се случува во историјата на олимпиското движење. Неговото доставување што во вселената ќе го извршат руските космонаути ќе остане засекогаш запишано во аналите на олимпизмот, изјави раководителот на „Роскосмос“ Владимир Поповкин по денешното потпишување на договорот со Организациониот комитет Сочи 2014.