Падна вработен во МВР Штпи: Земал пари за вадење лична карта
24-годишниот В.С. од Свети Николе инаку државен службеник во Министерството за внатрешни работи, референт за управни работи во Свети Николе си заработи кривична за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според податоците од полицијата, во периодот од јануари до март годинава, службеникот со искористување на својата положба, со намера да се стекне со пари од поднесени 16 барања за издавање на пасош и 13 барања за издавање на лична карта, барал износот за административна такса и износот за образецот да му го платат во готово под изговор дека тој со својата платежна картичка ќе го плател за да им заштеди провизија.
Примените парични средства ги присвојувал за себе, а од сопствената картичка не ги уплаќал износите, со што се стекнал со имотна корист во износ од 30.170 денари, при што за износ од 26.470 денари му нанел штета на Буџетот на МВР, а за износ од 3700 денари му нанел штета на Буџетот на Македонија .
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа