Едвај ги извадил жената и децата од автомобилот кој горел - драма во Кавадарци

 

 

Во новиот центар на Кавадарци синоќа се запалила „застава 101“ во движење при што биле оштетени делови околу моторот на возилото и предната внатрешна страна, но за среќа нема повредени.

- Добивме повик за запален автомобил и отидовме на новиот кружен тек во градот најбрзо што можеме. Вистинска драма се случуваше таму. Возачот гледал да си ги спаси двете деца и сопругата, па кога видел дека избил пожар, најбрзо што можел ги извадил од автомобилот и сите застанале на пристојна далечина, гледајќи како гори возилото, соопштија од противпожарната единица за МИА.

Направената штета е околу 200 евра. 

Од противпожарната единица со апел возачите да внимаваат особено ако нивните автомобили користат плин.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега