Прочитајте што направил „талент" од Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 26-годишниот И.З. од Боговиње кој лажно пријавил кражба.
Тој е осомничен дека на 6 декември минатата година, вечерта околу 22 часот, во семејната куќа на неговиот татко во Боговиње пријавил тешка кражба на златен накит, вреден 15 илјади евра,која претходно самиот ја извршил! Тој со клуч ја отворил влезната врата од семејната куќа, потоа се упатил во кујната, го одзел златниот накит и заминал.
Тетовчанецот го направил делото бидејќи се соочувал со извесни финансиски проблеми.
Оцени ја веста
07.04.2015 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа