Штип: Му го дал џипот на турски студент и седнал до него - еден загина четворица повредени
Штипјанецот Ванчо А. (46) е таксистот што загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера вечерта во Штип и во која беа повредени уште четворица патници.
Во неговото возило удрил „џип“, кој го возел студент од Турција, на возраст од дваесет и една година. Возилото не било негово, туку на штипјанец, кој бил совозач. Сообраќајната несреќа се случила половина час по полноќ, на улицата Гоце Делчев, во близина на Управната зграда на подружницата на „Македонијапат“ и меѓуградска автобуска станица, пишува Дневник
Такси-автомобилот „фолксваген венто“, кој го управувал Ванчо А., во кое се превезувале четворица патници, меѓу кои и бремена жена се судрил со џип „бмв х-5“, со штипски ознаки управуван од О.Х.(21) од Турција, кој имал привремен престој во Штип, веројатно студент. Сопатник во џипот бил 34-годишен штипјанец, кој бил сопственик на џипот.
Директниот судир бил толку силен што од ударот се разбудиле многумина штипјани од околните куќи и згради, а го чуле и гостите во кафеаните лоцирани на 100 до 200 метри подалеку. Според СВР Штип, трагичната сообраќајка се случила кога возачот на џипот, најверојатно поради големата брзина, загубил контрола и влегол во спротивната сообраќајна лента и директно се судрил со такси-возилото.
Од силината на ударот Ванчо А. починал на самото место на несреќата, а со телесни повреди завршиле другите четворица патници на возраст од 25 до 29 години. Повредените веднаш биле пренесени во Kлиничката болница во Штип. Полицијата извршила увид на местото на сообраќајката, по што треба да се утврдат причините за несреќата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа