Детали: Откриен идентитетот на загинатиот штипјанец - меѓу повредените имало и трудница

 

На улицата „Гоце Делчев“ во Штип, пред мостот „Гоце Делчев“, утринава 25 минути по полноќ се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ Х5“ со штипски регистерски ознаки управувано од 21-годишниот О.Х. од  Турција и „Фолксваген Венто“ со штипски регистерски ознаки сопственост на такси компанија, управувано од 46-годишниот Ванчо А. одШтип.

Според податоците од полиција, таксистот починал на лице место, а со телесни повреди се здобиле четири сопатници од такси возилото кои се пренесени во Болницата во Штип при што двајца се пуштени, а двајца се задржани за понатамошно лекување.Меѓу нив има и трудница.

Полицијата изврши увид.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега