Познат идентитетот на прегазениот пешак во Скопје
Сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случила вчера попладнето на улицата „Бутелска“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека 74-годишниот А.Т. со автомобил „Шкода фаворит“ удрил во пешакот Милутин К. (76). По несреќата Милутин бил пренесен на КАРИЛ но околу 22 часот и 30 минути им подлегнал на тешките повреди кои му биле нанесени.
Оцени ја веста
06.04.2015 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа