Страшна сообраќајка во Штип: Со луксузен џип удрил во такси - еден загинат двајца повредени

 

Страшна сообраќајна несреќа во раните утрински часови се случила во Штип. До сообраќајката дошло кога се судриле БМВ Икс 5 со кој управувал државјанин на Турција, и такси-возило марка Волсваген Венто, каде за жал на лице место животот го загубил 50-годишниот таксист. Во таксито имало уште тројца патници кои се тешко повредени, а меѓу нив има и бремена жена.

- Тргнавме на работа и слушнавме силен тресок, дојдоа полиција и Брза Помош. Навистина беше ужасно, вели очевидец за Канал5.

Штипјани се во шок од страшната сообраќајна несреќа.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега