Штипјанец со татко му нападнал полицајци
Околу 19 часот синоќа во Штип на улицата „Партизанска“додека двајца полициски службеници вршеле служба, сопреле „БМВ“ управувано од 40-годишниот М.Б. кај кој при проверка на документите тој започнал да ги навредува полицајците со непристојни и погрдни зборови, по што во тој момент дошол и неговиот татко, 63-годишниот Ѓ.Ѓ. кој исто така почнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници. Лицата се приведени, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Оцени ја веста
05.04.2015 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа