Возачот што ја усмрти Фросина пред Универзална ќе се брани од слобода

 

26 годишниот скопјанец кој завчера ја усмрти 20 годишната Фросина од Крива Паланка е пуштен да се брани од слобода. По распитот во полиција тој заминал дома бидејќи за вакви дела, не е предвидена мерка притвор освен во ситуации кога станува збор за странски возач или пак за возач за кој постои опасност да побегне.

На возачот му се земени примероци од крв и урина кои ќе се вештачат за да се утврди дали бил под дејство на алкохол или некакви наркотични средства.
Неговиот автомобил е испратен на технички преглед.

20 годишната Фросина загина на лице место на пешачкиот премин кај Апче на Партизанска откако на неа, според очевидци со огромна брзина налетал 25 годишниот Љ.Б. кој управувал автомобил марка Хонда. По несреќата тој продолжил да вози за веднаш подоцна да се предаде во полициската станица во Ѓорче Петров.

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 13:27
Фото: 
А1он

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега