Познати термините за четвртфиналните натпревари на Вардар во Лигата на шампионите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и сатницата на одигрување на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампиони во двете конкуренции.
Првиот натпревар од четвртфиналето во машка меѓу Вардар и Киелце ќе се одигра на 11 април (сабота), со почеток во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански’’ во Скопје. Реванш натпреварот во Полска на програмата ќе биде на 19 април (недела) од 15:30 часот, по што ќе биде познато и која екипа ќе игра на завршниот „Фајнл-фор’’ турнир во Келн.
Дамите пак, односно ракометарките на ЖРК Вардар својата прва четвртфинална пресметка против актуелниот европски шампион, унгарски Ѓер, ќе ја имаат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански’’, на 4 април (сабота) од 19 часот. Реванш натпреварот во Унгарија ќе се игра на 12 април (недела) од 16:30 часот.
Оцени ја веста
25.03.2015 - 21:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа