Вандали ја каменувале канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет во Скопје
Вчера во 18 часот и 40 минути во Старата скопска чаршија, група млади лица ја каменувале канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет.
При каменувањето било искршено излогно стакло од истата, а потоа вандалите се разбегале по околните улички.
Од страна на лицата кои фрлале со камења повреден бил и еден полицаец во пределот на рамото.