Познати составите на Вардар и Висла

 

Официјалната интернет страница на ЕХФ ги објави составите за вечерашниот натпревар (20:15) меѓу Вардар и Висла во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес, ги врати во екипата Петар Ангелов и Стефан Терзиќ, кои во Плок не добија шанса.

Овој пат нема да играат Страхиња Милиќ и Добривоје Марковиќ, кој имаше здравствени проблеми.

Со овој состав вардарци ќе бркаат победа од шест и повеќе гола за да ги анулираат оние 32-26 од првиот натпревар и да се пласираат меѓу најдобрите осум во Европа. 

Вардар: Штербик, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Чипурин, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Лазаров, прибак, Растворцев, Шишкарев, Стоилов, Терзиќ, Тоскиќ.

Висла: Коралес, Вихари, Моравски, Дашек, Јонеа, Јуркиевич, Квјатовски, Монторо, Никчевиќ, Пјеховски, Ракотеа, Сипжак, Тјуменцев, Вишњевски, Зеленовиќ.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега