Во Тирана ќе се оддржи заедничка седница на албанската и косовската Влада

Во понеделник, на 23 март, во Тирана ќе се оддржи заедничка седница на Владите на Албанија и на Косово.

Според информации од албанското Министертво за надворешни работи, на кои се повикуваат медиумите, косовската делегација ќе пристигне во 10,30 часот и по церемонијата на дочек во 10,45 часот, во Конгресната палата ќе почне седницата на двете Влади, која ќе биде отворена за јавноста. Заедничката прес конференцијата на премиерот Еди Рама и Иса Мустафа е предвидена за 12,20 часот.

На седницата се очекуваат нови предлози за унапредување на соработката, а ќе биде направен и биланс од досега потпишаните меѓувладини договори, за тоа што до сега е реализирано.

Конкретно, на седницата ќе стане збор за веќе потпишаните договори меѓу министертвата за образование, здраство, култура, економија, зeмјоделие и социјала.

Првата заедничка седницата на Владите на двете земји беше одржана на 11 јануари 2014 во косовскиот град Призрен, каде во 1878 година е формирана Призренската лига, која се залагала за создавање албанска држава, која би ги опфаќала сите територии на кои живеат Албанци.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега