Детали: Оперирано момчето врз кое падна фасада на улицата Македонска

Дел од фасада на зграда лоцирана на улицата Македонска во Србија падна вчеравечер врз глава на едно момче кое се здоби со тешки повреди. Несреќата се случи околу 20 часот и 15 минути, а момчето со Итна помош било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Белград. 

Според најновите податоци на српскиот Курир, се работи за 15-годишно момче кое веднаш било оперирано по немилиот настан, а видливи повреди и потрес на мозокот. Операцијата која траела неколку часа, завршила во 23 часот. Докторите велат дека засега му е стабилна состојбата, но рано е да се даваат било какви прогнози.

Инаку, момчето било пренесено во Ургентниот Центар во неконтактибилна состојба.

 

 

Оцени ја веста

21.03.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега