Триесет години затвор за кражбата во Музејот на Македонија

 

Вкупно триесет години затвор добија седуммината обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија откако утрово во Основен суд 1 Скопје е објавена пресудата против нив.

Поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски, доби највисока казна од 8,8 години.

Роднините на обвинетите нервозно реагираа и тврдеа дека случајот е монтиран.

Во истрагата и во судскиот процес досега не беа идентификувани крадците, ниту пак беа најдени украдените артефакти.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега