Шницли од компири
Не знаете што да приготвите за ручек нашиот денешен предлог е шницла од компири. Еве што ви е потребно:
1кг компири
1 ½ шолја брашно
1 јајце
¼ шолја млеко
Сол и бибер
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите и сварете ги во вода со малку сол. Испасирајте ги и додајте им го млекото и изматеното јајце. На таа смеса додајте ѝ малку брашно за да се зацврсти и обликувајте шницли.
Во тавче ставете повеќе масло и наредете ги. Пржете кратко, додека не заруменат. Готовите шницли од компири може да ги послужите со сос по ваш избор.
Имајте добар апетит
Оцени ја веста
19.03.2015 - 15:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа