Рокот истекува до јуни: Грција треба да плати 6,55 милијарди евра за опслужување на долгот

 

Потребите на Грција за опслужување на државниот долг од март до јуни ќе изнесуваат 6,55 милијарди евра, се наведува во документ на Организацијата за управување со државниот долг, што е претставен пред грчкиот Парламент.

Како што јави сајтот њуз.ин, согласно документот, потребите на земјата во март изнесуваат 2,2 милиајрди евра, во април ќе бидат 820 милиони евра, во мај 1,03 милијарди евра и во јуни уште 2,5 милијарди евра.

Во овие финансиски потреби не влегуваат каматите на хартиите од вредност.

Податоците се соопштени по поставено прашање од пратеник од партијата „Потами“, кој побарал да се информира за тоа како ќе се покријат финанссиките потреби на државата во следниот период.

Грција во моментов преговара со европските институции за рефинансирање на земјата, посочува во документот директорот на Организацијата за управување со долгот, Стелиос Пападопулос.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега