Ужас во Бугарија: Жена скокнала од 5-ти кат заедно со 3-годишната ќерка

Триесет и три годишна жена вчера околу 18 часот скокнала од 5-кат заедно со нејзиното тригодишно дете. Жената била Русинка и починала на лице место, а нејзината ќерка се бори за живот.

 

Како што пренесува бугарскиот Блиц, жената била мажена, а нејзинот сопруг бил на привремена работа во Москва. Таа сама се грижела за 3-годишната ќерка, а во зградата од каде што скокнала живелее скоро две години.

 

Самоубиството во полиција го пријавиле соседите, кои тврдат дека жената си дошла од работа неполн час пред самоубиството.

Детето се здобило со тешка мозочна траума, има скршениците на левата рака и нога и уште неколку внатрешни повреди и лекарите моментално се борат за нејзиниот живот.

 

Причината за самоубиството се уште не е позната.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега