Нови инциденти во центарот на Атина

Запалени автомобили и канти за ѓубре на плоштадот Егзархија во центарот на Атина е епилогот од синоќешните инциденти, што беа предизвикани од група анархисти со качулки на главите, кои уште еднаш побараа ослободување на сите приведени лица за тероризам, соопштија грчките медиуми, пренесе МИА.

Инциденти имало и во реонот на атинскиот Политехнички факултет, по протестот во кој учествуваа околу илјада анархисти.

Демонстрантите предизвикале материјални штети и врз канцелариите во седиштето на опозициската партија ПАСОК.

Полицијата не интервенирала во растурање на протестот на анархистите. 

Медиумите информираат дека ова е уште еден насилен протест во центарот на Атина испровоциран од анархистите, кои во последно време бараат  затворање на затворите со особено строг режим, укинување на антитерористичките закони и  пуштање на слобода на роднините на приведените за учество во терористичката организација „Заговор на јадрата на огнот“.

Анархистите минатата недела ја окупираа зградата на Правниот факултет во Атина со барање за ослободување на терористот Савас Ксирос, а неколку дена пред тоа ги зазедоа и централните канцелариите во седиштето на партијата СИРИЗА.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега