Си купиле јагниња со фалсификувани пари - измамен старонегоричанец
Вчера околу 10 часот и 10 минути во селото Облавце во Старо Нагоричане, во семејната куќа на В.К. со возило дошле две непознати машки лица на возраст од околу 50 и 60 години и побарале да купат јагниња и сирење за износ од 200 евра.
Откако за тоа платиле со банкнота од 500 евра , а В.К. им вратил кусур од 50 евра и 15.000 денари, истите се договориле дека јагнињата и сирењето ќе ги земат подоцна и заминале со возилото.
Бидејќи В.К. и неговиот син Д.К. се посомневале дека банкнотата од 500 евра е фалсификувана, истата ја провериле во менувачница каде им потврдиле дека е фалсификувана, по што случајот го пријавиле во полиција.