Се скарале па пукал кон нив - бесен кумановчанец ги нападнал братот и внукот
Вчера во 20 часот и 50 минути на улицата „Васил Главинов“ во Куманово поради претходна расправија, 61-годишниот Џ. М. испукал два истрели од пиштол кон неговиот 54-годишен брат Н.М. и 24-годишниот внук Ф.М. но не ги погодил.
Пиштолот кумановчанецот го поседувал без дозвола.
Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.