ВИДЕО: Шешељ открива кој го убил Немцов
Лидерот на СРС, Воислав Шешељ, за руската телевизија "Цар град", изјави дека е очигледно дека опозиционерот Борис Немцов е убиен од страна на оние кои сакаат да се промени власта во Русија.
– На никого во руската влада не му одговараше тој да биде убиен, но тоа му одговара на Западот – изјави Шешељ.
Шешељ убиството на Немцов го спореди со убиството на Славко Чурувија и Ивана Стамболиќ во Србија.
– Тие беа убиени од страна на оние кои сакаа да го соборат Милошевиќ – тврди Шешељ.
Тој рече дека Русија ќе успее да се избори за вистината за ова политичко убиство.
– Очекувам дека Русија ќе успее сето ова да го расветли – вели тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа