Македонски државјанин ја заклал сопругата пред 2 годишниот син на сред улица во Виена

Македонски државјанин утрово околу 7:30 со кујнски нож ја заклал својата 34 годишна сопруга на сред улица во Виена пред очите на нивното 2 годишно дете. Како што јавуваат локалните австрски медиуми, 53 годишниот маж и пришол на жената од зад грб и со неколку убоди и го одзел животот. Жената починала на лице место, а детето сведочело на целиот настан, но за среќа не е повредено.  Крвавата драма се случувала пред очите на повеќе минувачи кои на тоа место во дистриктот Симерлинг ги ноеле децата во градинка. Тие се обиделе и да и помогнат на жената, но не можеле ништо да сторат. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и го привела мажот. 
Извори на Press24 од македонската полиција потврдуваат дека станува збор за македонски државјанин и дека веќе биле контактирани од австриски претставници. 
Австриските медиуми пишуваат дека жената неодамна се исселила од заедничкиот дом во дистриктот Фаворитен и некое време живеела во прифатен центар за жени, жртви на семејно насилство. Австриската полиција за локалните медиуми потврдила дека во повеќе случаи мажот бил пријавуван за семејно насилство

најчитано сега