Управниот суд потврди: Законска е одлуката на СРД за затворање на А2

Управниот суд ја потврди пресудата на претходниот суд - одлуката на Советот за радиодифузија да и се одземе дозволата за работа на А2 телевизија е законска.

Советот за радиодифузија не можел поинаку да постапи освен да и ја одземе дозволата за работа на А2, која го прекршила Законот и наместо 65% емитувала 75, 68% програма од забавен општ формат, стои во образложението на пресудата.

По жестока расправија, лани во јуни,со 11 гласа „за“ и 4 „против“, СРД одлучи да и се одземе дозволата за работа на А2 телевизија. На ваквата одлука и претходеа неколку опомени и рокови до кои требаше телевизијата да ја прилагоди програмата по законот по кој работи.

Откако УЈП регистрираше неплатени давачки, А2 се соочи и со замрзната сметка, а беше отворена и предстечајна постапка.

Според Законот, А2 може да се жали пред Вишиот Управен суд. 

најчитано сега