Приведени четворица овчари - непријавено си работеле во Тетово

Четворица албански државјани од градот Кукс, ангажирани како овчари, кои непријавено и без потребната работна дозвола престојувале на подрачјето на Тетово, открила и привела полицијата по денешната контрола на три бачила сместени во подножјето на Титов Врв, Шар Планина.

- Четворицата илегалци биле приведени и предадени за понатамошна обработка на Одделението за странци и реадмисија и по целосно расчистување на случајот против нив и против двајцата сопственици на бачилата ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Јосифовски.

најчитано сега