Пратеникот Алиу ќе ги набљудува парламентарните избори во Албанија

 

Пратеникот Имер Алиу, од име на Групата на европски народни партии, е назначен за член на ад хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа која ќе ги набљудува парламентарните избори во Албанија од 21 до 24 јуни 2013 година.

Комисијата е составена од 20 членови, и ќе ги набљудува изборите заедно со набљудувачите на Парламентарното собрание на ОБСЕ и  ОДИХР. Пред денот на гласањето, членовите на Комисијата ќе имаат средби со лидерите на главните политички партии и коалиции, претседателот на Централната изборна комисија, со претставниците на граѓанското општество и медиумите,  како и со претставниците на меѓународната заедница во Албанија. На денот на гласањето, на 23 јуни 2013 година пратеникот Имер Алиу ќе биде распореден во реонот на Тирана.

- Имајќи предвид дека набљудувањето на изборите е важен елемент за утврдување на демократскиот капацитет на една држава, Парламентарното собрание на Советот на Европа очекува Албанија да ги исполни стандардите на Советот на Европа и со тоа да ја потврди својата целосна посветеност на демократијата, владеењето на правото и  почитувањето на човековите права, се наведува во соопштението од Собранието на Република Македонија.

најчитано сега