Му го скршил ’рбетот на родениот татко - крвава драма во кумановско

Вчера вечерта околу 23:30 часот, во селото Бајловце општина Старо Нагоричане, 40 годишниот И.Д. отишол кај неговите родители М.Д.(59) и Д.Д.(65) и крвнички ги претепал.

Од МВР информираат дека И.Д. насилно влегол во куќата на родителите со кои имал нерасчистени имотно правни односи, и ги нападнал со дрвена палка. На својот татко, бесниот И.Д., му нанел скршеница во пределот на грбот, додека на мајката и нанел видлививи телесни повреди.

Родителите биле пренесени во кумановскиот Медицински Центар. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

најчитано сега