Охрид: Албанец фатен со оружје и поголема сума на пари

51-годишниот албански државјанин А.П. си заработи кривична пријава поради „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Вчера околу 13 часот и 40 минути на улицата „Коста Абраш„ во Охрид при преглед на патничко моторно возило марка „митцубиши“ со албански регистарски ознаки во негова сопственост е пронајден пиштол „Специјал-38“ со пет куршуми.

Потоа, во  платнена чанта, сместена во фиока помеѓу двете предни седишта, пронајдени се 7 куршуми  и два ножа во футроли. Оружјето, пријавениот нелегално го чувал во својот дом во Поградец, а кај Албанецот се пронајдени и 10.100 денари, 900 американски долари, 35.700 албански леки и 70 евра во различни апоени, кои се одземени за понатамошна постапка и вештачење.

Во возилото, покрај пријавениот се наоѓале уште три други лица, сите албански државјани.    

најчитано сега