Трагедија во Прилеп: Наместо да ја погоди свекрвата со камен си ја прати ќерка си на Ургентен
Три годишно девојче го извлече најдебелиот крај од семејна драма во викендичка во прилепско. Бесна снаа со цигли и камења мавала кон свекрвата, но наместо неа, ја удрила својата ќерка.
Од полицијата информираат дека вчера наутро дошло до семејна трагедија во викендичката во местото викано Џумушница во Прилеп.
62 годишната свекрва Л.Ј. жестоко се расправала со 32 годишната снаа за син, А.Ј. Расправијата во еден момент излегла од контрола, кога А.Ј. почнала со ќерамиди и камења да удира кон својата свекрва. Но, наместо да ја “казни“ Л.Ј., снаата ја погодила својата три годишна ќерка со бекатон плочка
ПОвреденото девојче веднаш било пренесено во прилепската Болница, но, поради сериозноста на повредата била однесено на скопскиот Ургентен центар.