Умираат рипчињата во Слатинската Река кај Берово

 

Вчера бил забележан помор на риби во Смојмирска Река, кај мостот на регионалниот пат Берово - Штип.

Жители од селото рано вчера наутро забележале мртви риби на површината на реката, по што веднаш го известиле општинскиот инспектор за животна средина. Според првичните проценки станува збор за угинати околу 100 риби.

Државниот инспектор за животна средина, Владимир Черкезов вели дека екипата од Општина Берово веднаш излегла на  местото за да земе мостри, кои се испратени во Скопје.

- Анализите од мострите треба да покажат кои се причините за угинувањето на рибите во Смојмирска Река. И покрај тоа што станува збор за помор на риби во помал размер, излегов на местото за да ја утврдам состојбата, рече Черкезов.

најчитано сега