Косово: Покренати обвиненија за тероризам против седуммина Албанци

Седум косовски Албанци беа обвинети од локалното обвинителство за тероризам поради нивите планови да се приклучат кон групацијата Исламска држава во Сирија или поради врбувањето џихадисти.

Во соопштението на косовското обвинителство било наведено дека петмина од седумте обвинети планирале да заминат за Сирија, каде требало да се приклучат кон група Албанци, кои се борат на страната на ИД.

Другите двајца осомничени, од кои едниот е имам се обвинети дека поттикнувале други лица да учествуваат во терористички активности, се додава во соопштението.

Во август и септември минатата година косовската полиција уапсила 55 лица, осомничени дека се приклучиле кон џихадистите во Сирија или за пропаганден радикален ислам и собирање доброволци за џихад во Сирија и Ирак.

Според податоци на косовското Министерство за внатрешни работи околу 300 граѓани на Косово биле или уште се во редовите на џихадистите во Сирија и Ирак. 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега