Се уште не сте женети? Од сега можете да си купите невеста за евтини пари

Пазар на невести се одржува четири пати годишно во Бугарија. Некогаш најевтината невеста  чинела околу 2.500 долари, додека цената денес е далеку пониска поради лошата финсиска состојба.

Верувале или не во Бугарија постои пазар на невести. Тој се одржува неколку пати во текот на годината, а тогаш младите Ромки  ја облекуваат најубавата облека, се дотеруваат  и се шминкаат, за да го привлечат вниманието  на потенцијалните сопрузи.

Овој обичај се одржува со децении наназад. Додека семејствата на мажите се обидуваат да најдат соодветни невести, семејствата на девојките се обидуваат од бракот да извлечат финансиски  бенифит.

На пазарот за невести учествуваат семејства од Стара Загора, каде живеат околу 18 илјади Роми. Тие се познати како Калаиџи и традиционално за живот заработуваат од склопување на бракови.

Пазарот за невести, кој се одржува четири пати годишно,  е можност за локалните Роми да се сретнат и зборуваат но и да се обидат да им најдат соодветен партнер на нивните деца.  Со оглед дека во оваа заедница владеат исклучително конзервативни ставови, момчињата и девојчињата ретко кога имаат можност да поминат заедничко време.

 nevesta2

Калаиџи, кои инаку се со православци, доста често ги испишуваат девојчињата од училиште кога ќе наполнат 15 години за да ги тргнат од искушение.

 nevesta3

Пазарот на невести почнува како и секоја игранка, со група момчиња и девојчиња кои ќе разменат по некој збор, но главно само срамежливо се гледаат. Во позадина стојат родителите, подготвени да се впуштат во преговори доколку нивното дете најде соодветен партнер.

Ако по неколку часа од панаѓурот, момче и девојка се „најдат“, почнуваат сериозни економски преговори за тоа колку семејството на младото момче мора да плати за да ја добие девојката.

Некогаш најевтината невеста била околу 2.500 долари, додека денес цената е далеку пониска поради лошата финансиска ситуација во Бугарија, како и поради недостаток на работа.

Извор: Вистина.мк

Оцени ја веста

02.03.2015 - 23:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега