Гугл сака да ги рангира сајтовите според вистинитоста, а не популарноста

 

Компанијата Гугл размислува да ја заземе улогата на арбитер на вистинитоста на Интернет, со цел да се олесни контролата на пребарување во време на преоперетеност со информации. 

Интернет гигантот сака да го постави рангирањето на сајтовите врз основа на „оценката на вистинитоста“.

Пребарувањето во моментов се потпира на системот на рангирање на сајтовите по тоа колку пати одредена страница била линкувана, што значи дека секоја лажна информација има можност за достигнување на висок ранг.

Новиот модел, кој го развива Гугл ќе ги рангира сајтовите врз основа на вистинитоста на информациите и ќе ги филтрира оние кои нудат лажни, односно тие ќе имаат понизок ранг во однос на оние кои нудат точни информации.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега