Бесими и Крамариќ разговараа за европерспективите на Македонија и Хрватска

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Република Хрватска во Македонија, Златко Крамарич.

 На средбата, соговорниците разговараа за билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Хрватска, која нуди, меѓу другото, и взаемна поддршка во процесот на пристапување во ЕУ.

Воедно, Бесими му честиташе на амбасадорот Крамарич за идното пристапување на Република Хрватска во Европската Унија, која претставува значаен потенцијал за поддршка на Република Македонија во претстојниот процес на преговори.

Соговорниците истакнаа дека Хрватска, го поддржува членството на Македонија во ЕУ и посочија дека е важно тој процес да се забрза, да се најде решение за отворените прашања со соседите. 

ФОТО: МИА

најчитано сега