Кичевчанец ограбувал здравствени установи

Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“, полициската станица-Кичево поднесе кривична пријава против 29-годишниот Ш.Р. од село Жубрино.  

Во периодот од март до август минатата година, пријавениот со употреба на подесен предмет и кршење на бравите и катинарите, насилно отворал врати и прозорци од куќи и помошни објекти во селата Србица и Стрелци.

Притоа тој противправно одзел еден агрегат за струја, повеќе моторни пили како и друг работен алат и прибор.  На идентичен начин,  Ш.Р. влегол во амбуланта во близина на РЕК „Осломеј“ и во една приватна здравствена установа од каде одзел сирупи и други медикаменти.

На 17-ти овој месец, по наредба на судија во претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом при што пронајдени се дел од бесправно одземените предмети.

По извршеното препознавање тие се предадени на оштетените сопственици на објектите.  На лицето му е одредена  мерка притвор во траење од осум дена.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега