Две момчиња настрадаа во сообраќајка
Две млади момчиња, чиј идентитет сеуште не е соопштен, загинале утринава во страшна сообраќајна несреќа недалеку од Чајетине кога нивниот автомобил од сеуште неутврдени причини се судрил со камион.
Според неофицијални податоци, се работи за двајца келнери - еден од Ужица, другиот од село Крива Река, кои рано утринава се враќале од Златибор каде работеле трета смена.
Несреќата се случила околу 6 часот на дел од патот со три ленти.
Според првичните информации до несреќата дошло кога камионот, кој се движел од Ужица, свртел од својата лента и удрил во патничкото возило кое доаѓало од спротивен правец.
Увидот е во тек.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа