Дали сте повикани? - се организира журка на мажи со мали пениси

Првата журка на мали пениси во Велика Британија се одржува во ноќниот клуб „Rhytam Factory“ во Лондон на седми март. 

Организаторот Ант Смит (48) кој е во брак веќе 17 години, веќе долг период се бори со ниската самоувереност поради големината на неговиот пенис кој и во ерекција е помал од просечниот. 

Неверојатно исповед на човек со пенис од само 4 инча (Видео)

Смит својот проблем го споделил во јавноста уште пред две години кога ја напишал песната „Shorty“ посветена на неговиот пенис. Песната тогаш привлече големо внимание во медиумите, пренесува The Independent.

Журката позната под името „Голем мал пенис“ е отворена за сите па и за оние мажи кои се задоволни со големината на својот полов орган. 

Исповед на човекот со мал пенис: Ме одби затоа што не можев да ја задоволам!

Условот за влез на журката ќе биде откриен со големината на пенисот на посетителите на основа која ќе се одредува цената, а должината на еден сантиметар ќе изнесува 80 динари. 

„Луѓето најпосле ќе можат да ги слават своите мали пениси. Со тек на годините сватив дека хуморот е најдобар лек и повеќе-помалку знам што е добра а што лоша шала за малите пениси. Повеќето луѓе имаат став дека тоа е проблем за кој треба да најдат решение, но тоа не е здрав став. Нема од што да се срамиме. Подобро да го прифатиме тоа што е и да ги славиме различностите“, објасни Смит.

 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега