Куманово ќе ги сотре комарците

 

Утре од 05 до 08 часот во општина Куманово утре, ќе се изврши авио запрашување против комарци.

 - Ако временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, соопштуваат од општина Куманово и апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Како што информираат од општина Куманово за авионското прскање кое ќе се спроведе во неколку наврати се одвоени милион и сто илјади денари без ддв.Авио запрашувањето ќе го изврши фирмата „Бониер“. Наредното прскање ќе се спроведе веќе идната недела

најчитано сега