Рецепт: Чоколадни пралини за Денот на вљубените
Изненадете го вашиот сакан, подгответе му чоколадни пралини за денешниот ден.
Потребни состојки:
За пралини:
250гр чоколадо за готвење
50гр стопен путер
50гр крем од лешник
80гр шеќер во прав
1 лажица инстант кафе
50мл вињак
За прелив:
100гр млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Изматете го путерот пенасто, додадете крем од лешник и шеќер во прав и продолжете да матите додека смесата не се изедначи. Чоколадото растопете го на пареа, додека е врело помешајте го со кафе и вињак, и сето тоа додадете го на смесата со путерот. Наполнете шприц и истискајте мали канапеа на плехб обложен со хартија.
Оставете ги пралините да се изладат целосно, па прелијте ги со глазура од чоколадо.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа