Рецепт: Увијач ала Пекабеско
Вкусен увијач, збогатен со разновидни состојки. Вистинско зимско јадење и гурманско доживување
Потребно е:
500 грама пилешки стек или свинско филе
150 грама Пекабеско шунка
150 грама Ирко кашкавал на Пекабеско
Тенко сечена Пекабеско сланина
Сол, црн бибер и други зачини по вкус
Сенф по вкус
Подготовка:
Пилешкиот стек или свинското филе се чукаат и се зачинуваат по вкус. Се остава 10 минути па потоа на секое парче месо се додава по 1 парче Ирко кашкавал и ситно сецканата Пекабеско шунка. Потоа секој увијач се витка во ролна и се обвиткува со парче сланина од Пекабеско.
Со помош на чепкалки или готварски конец се врзуваат краевите.
Увијачите се пржат се додека не поруменат.
Се послужуваат со тартар сос, компири или гарнир од замрзнат зеленчук на Пекебеско.
На здравје!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа