Еве што заплени Царината минатата недела
Минатата недела и викендот, царинските службеници спречија обид за илегален влез на двајца патници и повеќе обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани девизи, разна техничка стока, текстил, обувки, забарски бургии, козметички производи, фалсификати и друго. Задржана е следната стока:
Девизи
- 37.000 евра, откриени при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи грчки автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Патникот пријавил дека се себе носи 8.000 евра, но при извршениот личен претрес, во џебовите од неговата облека биле пронајдени 47.000 евра. Согласно Законот за девизно работење 10.000 евра мубиле вратени, а остатокот приврмено задржани.
- 8.500 евра и 8.000 швајцарски франци, откриени во два одвоени случаи при личен претрес на двајца македонски државјани пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Во првиот случај, возач на македонски автомобил на прашање на царинскиот службеник изјавил дека со себе носи само лични работи, но при личен претрес во џебовите од неговата облека биле пронајдени 10.500 евра. Согласно Законот за девизно работење 2.000 евра му биле вратени, а 8.500 евра биле привремено задржани.
Во вториот случај, возач на бугарски автомобил, избегнувајќи ја царинската контрола, веднаш се упатил кон пасошката контрола, каде од страна на Одделението за спречување на илегална миграција и прекуграничен криминал бил селектиран за детална контрола, при што кај него биле пронајдени 10.000 швајцарски франци и 500 евра. Случајот бил предаден на царинските службеници на граничниот премин, кои согласно Законот за девизно работење му вратиле на патникот 2.000 швајцарски франци и 500 евра, а 8.000 швајцарски франци биле привремено задржани.
Техничка стока
- 1 фотоапарат марка Никон Д7 100, 1 објектив за истиот, 5 полначи за батерии НИКОН МХ-25 и 5 батерии, откриени при контрола на автомобил со привремени таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока била пронајдена во ранец со лични работи на возачот, сместен зад совозачкото седиште, како и во кеса сместена во багажниот простор на возилото.
- 30 ресивери за ТВ-приемници со комплетна опрема (далечински управувач, кабли и адаптери), откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Свети Наум. Непријавената стока била сокриена под предните патосници, под предните седишта, под задното седиште, зад потпирачите за глава на задното седиште, во потпирачот на предните седишта и во багажниот простор над резервоарот за гориво.
- 16 ГПС уреди за навигација за товарни возила, марка ВЕХИЦЛЕ ТРАЦКЕР, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Саеве, Шведска.
- 4 делови за сњитцхер СЊ-СУД720 (картички и напојување), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока била пронајдена на задното седиште и зад возачкото седиште на возилото.
Облека и обувки
- 134 готови текстилни производи (женски панталони, фустани, кошули и маици), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока била пронајдена во повеќе кеси сместени во багажниот простор на возилото.
- 183 готови текстилни производи (пижами, блузи, долни тренерки, маици, чорапи и ќебиња), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавената стока била пронајдена во повеќе црни кеси сместени пред и позади совозачкото седиште и во багажниот простор на возилото.
- 422 пара гумени сандали, откриени од страна на мобилните царински тимови, во соработка со мобилните полициски тимови, при контрола на македонски автомобил, извршена на патниот правец Блаце – Скопје. Возачот, македонски државјанин, не поседувал документација за потекло на стоката и платени царински давачки.
Фалсификати
- 1.100 пара очила за сонце и 957 торбички за појас, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на македонски камион, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со стока од Кина, а сомнителната стока, чија пазарна вредност се проценува на околу 6 милиони денари, била наменета за фирма увозник од Струга.
- 160 приврзоци за клучеви со ознаки на заштитени трговски марки, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.-
- 3 пара тренерки со лого на заштитена трговска марка, откриени на царинската испостава Пошта Скопје, при контрола на 3 поштенски пратки наменети за примачи од САД и Велика Британија.
Цигари
- 9 штеки цигари, марка Монус, Давидофф и Омé, без контролни маркички, откриени при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавените цигари биле сокриени во просторот за резервна гума и под задните седишта на возилото.
Друго
- 9.410 разни делови за ролетни, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, извршена на патниот правец Крива Паланка- Куманово во близина на местото Смиљчанце. Возачот, македонски државјанин не поседувал документација за потекло на стоката и платени царински давачки.
- 680 забарски бургии, тип Бори 806, откриени при контрола на српски автобус, што сообраќал на релација Белград – Скопје, управуван од српски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце-автопат. Непријавената стока била пронајдена, во кеса сместена под првите седишта, на автобусот.
- 454 козметички производи (дезодоранси, тоалетни води и сенки за очи) откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце-автопат. Непријавената стока била пронајдена во багажниот простор, на задните седишта, помеѓу предните и задните седишта и под совозачкото седиште на возилото.
- 34 разни производи (метални заби за корпа за багер, кафемат и нови гуми за трактор) и 50 килограми (1 ролна) тер-хартија, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Непријавената стока била пронајдена во просторот за палети на возилото.
Мигранти
На железничката станица Гевгелија, царинските службеници спречија обид за илегален влез во државата на двајца патници, авганистански државјани.
Илегалните мигранти биле пронајдени во вагон натоварен со челична жица, при контрола на товарен воз што сообраќал на релација Грција-Унгарија.
Пронајдените лица, за понатамошна постапка, биле предадени на полициските служби на граничниот премин Железничка станица Гевгелија.
Покрај тоа, на царинската испостава Гевгелија, царинските службеници открија обид за увоз на околу 15 тони екстра лесно гориво, чиј извоз и увоз е забранет.
Заради проверка на параметрите во сертификатите за погонско гориво, што фирма увозник од Струмица ги приложила при увозно царинење на 14.957кг погонско гориво, царинските службеници земале мостри и истите ги испратиле на испитување во Царинската лабораторија. По извршеното испитување било утврдено дека пријавеното гориво содржи помала количина на обојувач Солвент ѕеллоњ 124 (мг/лит) од законски определената количина што треба да биде во граници од 6 до 9 мг во литар гориво, поради што истото не може да биде пуштено во слободен промет.
За утврдениот прекршок, на увозникот му е изречена мандатна казна и изготвено е решение за враќање на горивото во странство.
Интегрален текст од Царина.
ФОТО: Канал 5