Рецепт: Солени стапчиња
· 1кг. брашно
· 1 кафено лажиче сол
· 1 кафено лажиче шеќер
· 1 пресен квасец (40гр)
· 1 шоља за млеко (250мл) масло
· 1 шоља за млеко млака вода
· За премачкување
· 1 јајце
· по потреба сол -крупна, пипер буковска и оригано
Од наведените состојки за тесто се замесува средно тесто, кое не е лепливо за раце и убаво ќе биде измесено. (Во шољата млака вода се раствора квасецот и се чека да се активира, а потоа се додаваат и другите состојки. Шољата е од 250мл., но во зависност од тоа колку брашното ќе прими, по потреба додадете уште малку топла вода.)Не се чека тестото да го дуплира волуменот, одма се работи.
Се дели на 4 дела, од кои се прават топки и се премачкуваат нежно со масло-за да не фатат коричка.
Од секоја топка се отвора тенка правоаголна кора , која се премачкува со разматено јајце, се наросува со сол, пипер и оригано.
Се сечат ленти, секоја лента се превиткува на половина, така што мачканиот дел да биде однадвор и се витка-засукува спирално.Се редат во намрсен плех.
Се печат во загреана рерна и тоа на 200 степени, додека убаво поруменат, некои 18 минутки.
Мои рецепти
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа